четврток, 12 ноември 2026
Најново

Наоми Кембел стана мајка на 51 година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Супермоделот Наоми Кембел (50) го доби првото дете.
Оваа информација ја споделила на својот Инстаграм профил, со што ја шокираше јавноста, со оглед на тоа дека апсолутно никаде во медиумите не е објавено дека Наоми ќе се реализира во улогата на мајка.
Наоми објави фотографија на Инстаграм каде држи нозе на мало новородено девојче.
– Убав мал благослов ме избра за нејзината мајка. Имам толку чест што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови да ја опишам животната врска што сега ја споделувам со вас, мојот ангел. Нема поголема љубов – напиша Кембел.
Наоми најверојатно ја добила својата ќерка преку сурогат мајка, но тие информации сè уште не се потврдени.
Таа ја доби својата ќерка 4 години по изјавата дека со помош на науката ќе стане мајка кога сака.

Поврзани вести