Речиси секој човек има некои нездрави навики, и ако тоа е случај со вас, обидете се да практикувате здрави навики барем наутро. Многу е важно како го започнувате денот, бидејќи наутро треба да ги стартувате сите органи и циркулација со цел телото да работи совршено.
Еден од начините е да пиете вода од лук, која ја стимулира работата на органите за варење, го зајакнува имунитетот и го детоксицира телото.
Кога е вистинското време за пиење вода од бел лук?
Пред патување за посилен имунитет
Кога телото треба да се исчисти од токсини
При првите знаци на настинка
Состојки: 8 чешниња лук; 1 литар вода.
Подготовка:
Исчистете го лукот и исечете го на половина. Исплакнете ги чешнињата под проточна вода, а потоа ставете ги во тегла. Истурете литар вода и затворете ја теглата. Оставете го во фрижидер еден час пред употреба.
Начин на употреба: Измешајте 1/4 чаша вода од бел лук со 1 чаша обична вода.
ДЕН 1: Пијте секој час и половина во текот на овој ден.
ДЕН 2: Пијте ја оваа вода на секои два часа или најмалку три пати на ден.
Во наредните денови, пијте ја водата од лук неколку пати на ден.
На четвртиот ден, не заборавајте да направите нова доза за употреба во следните три дена. Секогаш чувајте вода од лук во фрижидер.