Направен првиот смартфон за слепи

Индиски изумител и неговиот тим, повторно го измислија touchscreen-от, па веќе три години работат на новиот модел смартфон, конципиран да може да им служи на слепите.Сумит  Дагар и неговиот тим од Центарот за иновациска инкубација и претприемаштвото од Ахмедабад, осмислија паметен мобилен кој апликациите и текстуалните пораки ги претвора во Брајово писмо, односно има екран прилагоден за слепите лица, пренесува Times of India.По три години напорна работ, сега конечно имаат прототип, кој текстуалните пораки ги претвора во Брајово писмо на тој начин што  подига и се спушта пинови, кои се наоѓаат на посебна рамка, прилагодена на слепите лица.Смартфонот наводно ќе ги има сите елементи на конвенционален апарат.Дагер и неговиот тим се надеваат дека телефонот ќе го пуштат во продажба до крајот на годината. Неговата цена ќе изнесува околу 185 долари.Брајовото писмо е писмо наменето за слабовиди и слепи лица, кое го смислил Луј Брај во 1821 година.Секоја буква се состои од шест точки организирани во две колони по три точки кои се вдлабнати или испакнати, а секоја буква од абецедата одговара на одредена комбинација на тие рељефни точки.
МакфаксИндиски изумител и неговиот тим, повторно го измислија touchscreen-от, па веќе три години работат на новиот модел смар

Пронајдете не на следниве мрежи: