Пирето од компири спаѓа во еден од омилените прилози. Може да се послужи речиси со секое јадење, а вкусот е толку многу добар што нема да може да му одолеете.
Секој го подготвува на свој начин, некој сака да го соединува со миксер, друг додава различни зачини, павлака или сирење по вкус.
Популарниот готвач Кори Јорк, сопственик на наградуваниот ресторан „Deep Blue“ во Орландо, споделил тајна за вкусно и кремасто пире од компири без млеко, од само две состојки.
Користете бел компир затоа што тој сам по себе си е вкусен и сочен, па и текстурата ќе биде кремаста.
Поради тоа што ќе користите само маргарин, потрудете се истиот да биде поквалитетен.
Испасирајте ги компирите со лажица за пире, немојте да користите миксер или пак некој друг електричен апарат.
Доколку не сте задоволни од добиената смеса и ви делува сува, додадете малку од водата во која претходно сте го вареле компирот. А, може да додадете и сечкан лук и магдонос по вкус.