Направете сами – домашен путер од кикирики

Губење на килограмите, превенција на рак на дојка и добар сон се само некои од бенефитите од консумирање на путерот од кикирики. Путерот од кикирики е полн со корисни витамини, минерали, здрави масти и елементи кои му се потребни на вашето тело.
Путерот од кикирики е одличен извор на протеини и влакна. Не го менува нивото на шеќер во крвта и е одличен за слабеење. Консумирајте две лажици, два пати неделно и ќе ослабете.
Како да направите сами?
Ставете една шолја кикирики во блендер. Оставете ги околу 5 до 7 минути. Ќе добиете кремаста смеса која може да се мачка. Може да додадете и малку масло во текот на мешањето доколку забележите дека смесата е сува.


Доколку сакате да експериментирате со вкусови ви ги препорачуваме следните рецепти:
Путер од кикирики со чоколадо и морска сол
3 шолји кикирики
¼ од шолја наполнете со ситно исецкано чоколадо
Малку морска сол
Изблендајте ги кикириките (5 до 7 минути) и на крај додајте го чоколадото и солта.
Путер од кикирики со мед и ванила
3 шолји кикирики
2 лажици мед
1 лажица екстракт од ванила
2 лажици кокосово масло
Ставете ги кикириките во блендер и вклучете го на најсилна брзина. Оставете 5-7 минути. На крај додајте мед, екстракт од ванила и кокосово масло, па блендирајте уште 2 до 3 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.