Ако сакате брзо да ги отстраните трагите од храна и пијалоци од вашиот автомобил или мебел, тоа може да го направите со ова моќно средство што можете сами да го направите
Можете лесно да го направите ова средство дома, а може да направи чуда за вашиот мебел.
Состојки:
1 чаша детергент за миење садови
1 чаша алкохолен оцет
1 чаша газирана вода
шише со распрскувач
четка и крпа
Постапка:
1. Темелно исчистете го мебелот или седиштата во автомобилот со правосмукалка.
2. Истурете ги сите состојки во шишето и нежно протресете со кружни движења.
3. Испрскајте ја течноста врз дамките и оставете да отстои околу 5 до 10 минути.
4. Темелно истријте ги дамките со мека четка.
5. Натопете ја крпата во чиста вода, добро исцедете ја, потоа цврсто избришете ги дамките со неа и повторете ја постапката.
6. Оставете ја ткаенината да се исуши, а ако стеја навлажнле премногу, со сува крпа притиснете ја влажната површина на седиштето така што ќе го апсорбира вишокот на влага.