Направете сами: Совршени локни со лента за коса

Веројатно веќе сте уморни од сувата и оштетена коса, па не сакате често да ја обликувате со топлина. Но тоа не значи дека треба да се откажете од локните. Можете на едноставен начин да направите бујни локни, без воопшто да ја оштетите вашата коса. Најдоброто од сè е што целиот процес е навистина едноставен – треба да ја навиткате косата, да си легнете и следниот ден да се разбудите со совршена фризура.
Направете сами: Совршени локни со лента за коса

За оваа фризура ви се потребни посилна лента за коса, четка за коса и спреј или гел за обликување по желба. Потоа, измијте ја косата и добро исчешлајте ја, па ставете ја лентата на главата. Замотајте ја целата коса околу лентата, прамен по прамен. Доколку косата ви е пократка и прамените излегуваат, можете да ги прицврстите со шноли. Доколку е потребно, сега нанесете го гелот за обликување. Потоа само треба да си легнете.
Следното утро внимателно одмотајте ги прамените, но немојте да го правите тоа грубо за да не ги уништите локните, но и косата. На крај нанесете малку спреј за коса за фризурата да трае подолго.
Можете да го погледнете целиот процес на видеото во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.