Направете си домашни фалафел ќофтиња – блискоисточен специјалитет кој ќе ве освои

Овој блискоисточен специјалитет на многумина им е омиленото јадење, а особено на вегетаријанците и луѓето кои што не сакаат да јадат мрсна храна.
Ви го претставуваме рецептот за посен специјалитет фалафел – вкусен, со прекрасен мирис и јадење кое ќе ве засити.
Овој рецепт не содржи намирници од животинско потекло и може да го подготвите во деновите кога е дозволено да користите масло за јадење во текот на постот.
Состојки:
– 400 грама конзервирани леблебии;
– 1 главица кромид;
– три чешниња лук;
– мелен ким;
– мелен коријандер;
– малку цимет;
– свеж магдонос;
– сол и бибер;
– маслиново масло.


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови, а дното од плехот за печење обложете го со хартија за печење, па намачкајте ја со маслиново масло.
Во блендер, помешајте ги леблебиите, лукот и кромидот, сецканиот свеж магдонос, кимот, коријандерот, циметот солта и биберот. Мешајте додека смесата не се соедини.
Со мокри раце обликувајте ќофтиња (користете по околу две лажички од смесата за обликување на едно ќофте), а потоа распоредете ги на претходно подготвениот плех.
Печете 25-30 минути, а пожелно е да ги превртите еднаш во текот на печењето за од двете страни да добијат златно-жолтеникава боја.
Печениот фалафел може да го чувате во фрижидер и до три дена, а доколку не сакате целата смеса да ја печете одеднаш, слободно може да ја замрзнете до следна употреба. Сервирајте со свежа салата.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.