Вистинските баварски переци спаѓаат во најомилените печива, а Германија се гордее со нив.
Пекарската уметност е на висока цена во оваа земја и идните мајстори се наоѓаат уште пред да одат во средно училиште.
Во пекарите може да се купат безброј видови печива, но понудата не може да се замисли без солени переци кои се баварски специјалитет.
Дали сакате сами да пробате да ги направите?
Во продолжение погледнете како се прават традиционални и многу едноставни баварски переци:
Потребни состојки:
– 500 гр. брашно
– 270 мл. млеко
– 50 гр. масло
– 2 лажици сол
– една лажица шеќер
– 1/3 коцки квасец
– 60 гр. сода бикарбона
Подготовка:
Измешајте ги сувите состојки, освен сода бикарбоната, потоа додадете млеко и квасец. Состојките добро замесете ги, а потоа додадете го маслото. Тестото за ова печиво се меси осум минути. Потоа со влажна крпа покријте го садот со тестото и оставете да отстои еден час.
Тестото поделете го на осум еднакви делови од кои ќе ги обликувате переците, откако ќе ги обликувате переците оставете го тестото да стаса уште 15 минути. Потоа растворете сода бикарбона во три литри вода и загрејте ја водата до вриење. Переците потопете ги во овој раствор на една минута, после што ќе ги наредите во плех обложен со хартија за печење и посипете ги со кристали од сол.
Переците ставете ги 20-25 минути во рерна, која мора да биде загреана на 200 степени. Готовите переци најдобро се сервираат топли, со намази кои претходно сте ги подготвиле.
На здравје!