Направете ја веднаш, вкусна е и здрава: Оваа комбинација лекува повеќе од 10 болести

Мешавината од сусам и мед е одличен извор на железо, магнезиум, калциум, манган, омега 3 и 6 масни киселини.
Медот со сусам е комбинација која би требало почесто да се најде во вашето мени. Не само поради одличниот вкус, туку и поради фактот дека е одлична ризница на здравјето.
Оваа природна смеса е одличен извор на витамини, особено оние од групата Е, А и Б, како и минерали и омега 3 и 6 масни киселини. Се препорачува да се консумира наутро на празен стомак.
Сусамот и медот во комбинација го зајакнуваат имунитетот, ја намалуваат желбата за слатки, лекуваат стомачни проблеми и се исклучително благотворни во случаите со гастритис, колитис и чир.
Покрај тоа, оваа мешавина ги зајакнува коските, ги стимулира менталните активности, ја зголемува физичката издржливост и го подобрува квалитетот на здравјето на косата и кожата.
Начин на подготовка
Оваа паста лесно се подготвува, едноставно само помешајте една лажица мед и една лажица сусам.
Оваа количина има околу 155 калории, 8 грама масти, 21 гр јаглени хидрати, 1 грам влакна и 3 грама протеини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.