Mакедонскиот бренд „Ла Дама“ го одбележува денот на жената 8 Март со кампањата „Напред, девојки“. Како бренд што ги инспирира, мотивира и ги поттикнува девојките, жените и сите дами да се „облечат“ во најдоброто и да чекорат со шарм и самодоверба, активностите на „Ла Дама“ траат во целиот месец март. Од „Ла Дама“ велат дека една жена е сето она што треба да претставува и што се очекува од неа да биде – луцидна девојка, нежна и грижлива мајка и сопруга, одговорен професионалец, ведра пријателка. Жена што знае што сака и знае како да се истакне, како да ја надгради сопствената маркантност, уникатноста што секоја жена исконски ја носи во себе.
– Од самото основање како македонски бренд, секогаш имаме различни осмомартовски активности, кои траат во текот на март – месецот на жената. Како и минатата, и оваа година го поддржавме здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“, бидејќи веруваме дека ниту една жена не треба да биде изоставена при одбележувањето на 8 Март. Со нашата осмомартовска честитка, на сите жени им ја разбудивме нивната мала Ла Дама и ги потсетивме на времињата кога тие како деца на своите блиски им го честитале празникот на жената. Паметиме кога бевме дел и од осмомартовската трка за жени, која навистина претставува уникатен начин за одбележување на 8 Март. А, оваа година имаме и активност што трае до 27 март и би сакале да ве поканиме да нè посетите во изложбениот салон на „Скопје моден фестивал“ во „Сити мол“, на кој се претставуваме со лимитирана колекција – уникатни хулахопки во боја и доколенки што се достапни исклучиво таму. Напред, девојки, негувајте ја вашата самосвесност, стил и храброст, пркосете им на стереотипите и зграпчите сè пред себе, велат од „Ла Дама“.
„Ла Дама“ е уникатна македонска приказна за производство и дизајн на хулахопки и чорапи, која започнува во еден семеен дом во Струмица, во сега веќе далечната 1992 година. Бренд на женски и детски хулахопки и чорапи, што своето долгогодишно искуство и традиција на пазарот го користи за постојано создавање квалитетни производи што ги задоволуваат и најспецифичните барања на македонските жени и девојки.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.