Наредив армијата да продолжи со напредување во Појасот Газа, без оглед на преговорите.

Израел продолжува со воените операции во Појасот Газа
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска ѝ нареди на армијата да го продолжи напредувањето во Појасот Газа, без да се обѕира на тековните преговори.
„Наредив на војската да продолжи со операциите во Газа против сите цели, независно од било какви преговори, и да користи сите потребни средства за заштита на нашите војници, како и за елиминирање на убијците од Хамас,“ истакна Кац.
Според него, Хамас има две опции: да ги ослободи заложниците, кои беа киднапирани за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, или да биде целосно уништен.
Стив Виткоф, специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, предложи 60-дневно примирје и ослободување на 28 од вкупно 58 заложници кои сè уште се во Појасот Газа, во заменa за ослободување на 1.200 Палестинци од израелските затвори и непречен проток на хуманитарна помош до оваа енклава.
Предлогот на САД подразбира и договарање на параметрите за делумно повлекување на израелските сили од Појасот Газа за време на привремениот прекин на огнот.
The post Наредив армијата да продолжи со напредување во Појасот Газа, без оглед на преговорите. appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: