недела, 15 ноември 2026
Најново

Народниот правобранител отвори постапка за водата во Струга

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Регионалната канцеларија во Кичево на Народниот правобранител отвори постапка по сопствена иницијатива поради недостигот на вода за пиење во Струга. Овој чекор следува по бројните реакции од граѓаните.

„Правото на безбедна и доволна вода за пиење е основно човеково право, тесно поврзано со правото на живот, здравје и човечко достоинство. Секое продолжено ограничување, сомнеж за квалитетот на водата или недостиг на транспарентност од страна на надлежните институции создава несигурност и влијае врз јавниот интерес“, изјави Илбер Даути, Народен правобранител, Регионална канцеларија – Кичево.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од Општина Струга и Јавното претпријатие се бара детален извештај за актуелната состојба. Даути вели дека прашањето не треба да се третира низ политичка призма, туку како витален приоритет за граѓаните.

 Во меѓувреме, жителите на селото Шум инсистираат дека поради врнежите од дожд во изминатите денови повторно е зголемено нивото на заматеност на изворите од кои се снабдува поголемиот дел од Струга со вода за пиење. Жителите најавуваат протести.

Според вчерашната анализа на Центарот за јавно здравје, заматеноста на изворите изнесува 3,92, иако минимално дозволената граница е 1,5.

Поврзани вести