Нарушен слух, замор, губење на мирис: Помалку познати симптоми на сезонски алергии

Дрвјата, тревата, плевелот, поленот и мувлата се само дел од работите кои доколку страдате од сезонски алергии, секогаш се трудите да ги избегнете. Оние кои се справуваат со алергии добро знаат дека кивањето, затнат нос и црвенило чешање на очите се некои од карактеристичните симптоми кои често ги доживуваат. Сепак, сезонските алергии можат да предизвикаат помалку познати симптоми, од губење мирис и вртоглавица до дури и оштетен слух.Знаеме дека кивањето и затнат нос може да бидат сигурен знак за алергија, но има многу други, помалку познати симптоми кои многу луѓе можат да ги искусат дури и без да знаат дека се работи за алергија, објаснуваат алерголози.Ако мислите дека горенаведените примери се однесуваат на вас, тоа значи дека пролетните алергени може да влијаат на вас:Лош здивАко имате лош вкус во устата, тоа можеби не е од одредена храна, туку од поленот во воздухот.Кога премногу назални секрети (како реакција на алерген) се лизгаат по задниот дел на грлото, може да се појави гадење, па дури и нагон за повраќање. Ова им дава на бактериите во устата и грлото место за размножување, што доведува до лош здив.ВртоглавицаАко повремено чувствувате дека ќе паднете, но не можете да сфатите зошто, тогаш алергиите би можеле да бидат виновникот. Постојаното таложење на слуз, особено во областа каде што се спојуваат устата и внатрешното уво, може да создаде притисок во ушите. Ова потенцијално може да доведе до хронична болка во увото или да предизвика губење на рамнотежа.Губење на мирисВо последниве години, почнавме да го поврзуваме губењето на мирис со ковид, но тоа може да се должи и на алергии. Луѓето кои имаат сезонски алергии понекогаш може да имаат аносмија, што е делумно или целосно губење на мирисот. Ова може да се случи кога мукозните мембрани во носот се значително иритирани или блокирани.ИсцрпеностСе чувствувате малку поуморно од вообичаено? Можеби алергиите ве држат будни ноќе. Покрај симптомите на алергија кои влијаат на квалитетот на сонот, тие исто така може да ги влошат проблемите со спиењето, како што е апнеја при спиење, што дополнително може да влијае на количината на сон.Тоа може да се должи и на она што алерголозите го нарекуваат „синдром на алергиски замор“. Борбата со алергиите цел ден може да го истроши вашето тело и да ве остави со многу помалку енергија во текот на денот.Проблеми со концентрацијатаЛуѓето кои страдаат од алергии честопати известуваат дека ги имаат и класичните симптоми на „мозочна магла“, односно им е тешко да апсорбираат информации, да запомнат, да научат нови работи, а одржувањето на концентрацијата е голем предизвик.За ова може да бидат одговорни алергиите, кои предизвикуваат физички стрес. Постојано го одвлекуваат вниманието, се мешаат во секојдневниот живот и на крајот го попречуваат сонот: Тешко дека ќе заспиете ако алергиите ве „мачат“ преку ноќ. Недостатокот на сон потоа го нарушува мозокот, што доведува до мозочна магла и проблеми со когнитивните функции.Болка во грлотоДодека воспаленото грло може да биде симптом на вирус, како настинка или грип, тоа може да биде и показател дека телото се бори против сезонските алергии. Ова се должи на зголеменото производство на слуз во телото што предизвикува постназално капнување, главната причина за воспаление и скокоткање.Покрај тоа, болката во грлото може да биде последица на зголемената употреба на антихистаминици кои предизвикуваат прекумерна сувост. Конечно, зголеменото кивање и кашлање исто така може да доведат до иритација на грлото.‘РчењетоДодека вообичаените нарушувања на спиењето, како што е апнеја, може да доведат до прекумерно ‘рчење, алергиите исто така може да бидат виновници. Симптомите го зголемуваат ‘рчењето, бидејќи ги ограничуваат дишните патишта, што влијае на квалитетот на сонот.Чистење на грлотоЧестото чистење на грлото или други звуци може да биде уште еден знак за алергија. Многумина го прават тоа несвесно, надевајќи се дека ќе го ублажат непријатното скокоткање во грлото.Необјаснети главоболкиЗголемениот притисок врз синусите може да биде причина за вашите главоболки. Синусните главоболки најчесто се чувствуваат околу челото и образите и најчесто се најлоши наутро, поради притисокот што се создава додека лежите цела ноќ. Тие обично стануваат помалку интензивни како што одминува денот.Јазик кој чеша и боцкаУстата или јазикот може да ве чешаат кога јадете одредена храна, но тоа не значи дека сте алергични на таа храна. Ова може да значи дека храната вкрстено реагира со друг алерген, еден пример се ајдучката трева и бананите. Ова е познато како синдром на орална алергија (ОАС) и се јавува кога пациентите со сезонски алергиски ринитис јадат вкрстено-реактивно овошје, зеленчук, зачини или јаткасти плодови.Болни зглобовиСимптомите на сезонската алергија може да бидат придружени со општо воспаление бидејќи телото се обидува да се ослободи од алергените кои ја предизвикуваат реакцијата, што може да доведе до болно отекување на зглобовите.Ова воспаление, во комбинација со замор од лошиот сон и временските промени кои доведуваат до сезона на алергии, може да доведе до непријатност.Промени во слухотЅвонењето во ушите може да биде предизвикано од зголемен притисок од затнат нос, што може да предизвика воспаление и иритација. Оние кои страдаат од сезонски алергии се исто така изложени на зголемен ризик од инфекции на увото, бидејќи увото нема способност правилно да го исцеди вишокот течност.Ова исто така може да доведе до болка во увото и звуци како пукање и мелење во увото, па дури и губење на слухот.Ако имате некој од овие симптоми или класични знаци дека вашето тело се бори со алерген, постојат многу начини да најдете олеснување. За почеток, закажете состанок со алерголог за да ве тестираат за да видите на што сте алергични, по што ќе можете да примите соодветна терапија, пишува „Хафингтон пост“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.