НАСА откри необични планети со помош на телескопот Кеплер

Американската вселенска агенција(НАСА) со помош на телескопот Кеплер пронашла неколку досега неоткриени планети, чии карактеристики се многу почудни од она што некој би можел да го замисли во СФ филмовите.Додека на една од нив би можело да се наоѓа вода, останатите имаат интересни карактеристики, почнувајќи од нивната густина, па до сјајот и големината, пренесува Индипендент.Планетата 22б се наоѓа во таканаречената „зона за населување“, односно во подрачјето каде што не е претопло, но не е ниту престудено за постоење вода во течна состојба. Сепак, сè уште не може да се каже со сигурност да се каже дали е во прашање карпеста или гасовита планета.Интересна е и планетата 37б чија големина е двојно помала од Земјината, односно одговара на големината на Месечината. Една од планетите, поточно онаа со име 10б, има густина на тврдо железо, а толку е блиску до Сонцето, што веројатно на неа се наѓаат ’океани’ од растопен метал.Некои планети пронајдени со Кеплеровиот телескоп светлат како дијамант, додека други се црни како јаглен, а најнеобичен меѓу откриените планети сигурно е планетата именувана 7б, чија густина е толку мала, што би можела да плута на вода.
МакфаксАмериканската вселенска агенција(НАСА) со помош на телескопот Кеплер пронашла неколку досега неоткриени планети,

Пронајдете не на следниве мрежи: