Според податоците на Агенцијата за статистика на Косово (АСК), населението на Косово забрзано старее. Односот на населението над 65 години со населението меѓу 0 и 14 години е двојно зголемено од 2011 година и четирикратно од 1981 година, што според нив претставува алармантен пораст.
Ова, како што се наведува во објавата на Фејсбук, се случува поради падот на наталитетот, иселувањето на младите и зголемувањето на животниот век.
„Последиците од овој брз пораст на населението над 65 години во споредба со оној меѓу нула и 14 години е помала работна сила во иднина, притисок врз пензиските шеми и социјалните услуги, итна потреба од политики кои го подобруваат образованието за потребите на пазарот на трудот и ја зголемуваат вработеноста и реформите на социјалната и пензиската шема, со цел Косово да ги направи косовските инвестиции попривлечни за граѓаните и Агенцијата.



