Наставничка по математика обвинета за силување ученик: Таткото знаел сè и молчел, мајката видела слики и веднаш пријавила

Уапсена е професорка по математика од САД и обвинета дека силувала ученик (16). Во меѓувреме, уапсен е и таткото на тинејџерот, кој се сомничи дека знаел за нивната врска.

Наставничката Хејли Никел Клифтон (26) беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете, силување од втор степен, сексуален однос со ученик и злоупотреба на деца од четврти степен. Таткото на момчето е обвинет бидејќи му дозволил на малолетниот син да има односи со својата учителка.

Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот во Собрание кој се случи на 27 април 2017 година, се на чекор да бидат ослободени од …
Во падот на авионот во Казахстан преживеаја 32 луѓе
Најмалку 32 лица го преживеаја падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс (АЗАЛ) кој утрово се урна во близина на аеродромот на градот Актау …

Во судските списи е наведено дека наставничката и ученикот, чиј идентитет не се соопштува, имале сексуални односи и во училиште .

Одговорниот за човечки ресурси во училиштето овој случај го пријавил во полиција, откако ученик од одделението покажал фотографии на кои се гледа неговиот другар со гребаници по грбот.

Тој пријател тогаш рекол дека тие гребнатинки ги добил за време на врската со неговата учителка.

На 8 декември, по пријава, полицијата дошла во училиштето и разговарала со наставничката. Со прегледување на нејзиниот телефон нашле пораки кои потврдуваат дека е во врска со 16-годишен ученик.

Ученикот кој го пријавил случајот рече дека наставничката Хејли била премногу „пријателси настроена со учениците” и била несоодветно облечена неколку пати“.

Во извештајот беше наведено дека Хејли често носела тесни и деколтирани кошули, а наводно управата на училиштето ја прекорувала дека е премногу блиска со учениците.

Хејли беше уапсена минатиот петок откако побегна од Мисури во Тексас.

Студентот кој ја пријавил Хејли рекол дека кога дознал за врската отишол кај таткото на пријателот кој наводно му рекол дека му дозволил на синот да има врска и дека ако треба ќе лаже за своето дете.

Во судските документи стои дека таткото знаел за врската на неговиот син со 26-годишната наставничка и наместо да пријави во училиштето и во полиција, тој ја прикрил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.