Настапот на Филип Петровски кај Васко Ефтов руши рекорди по гледаност на интернет

Настапот на Филип Петровски кај Васко Ефтов руши рекорди по гледаност на интернет. Исто така е единствен политички разговор кој се појавува на трендинг во рамките на јужна Европа на Јутјуб.

Во Центар со Васко Ефтов: Никола Груевски се фати за глава кога му ги презентирав досиеата!
Интервју со Филип Петровски, политичар, поранешен директор на Државниот Архив и Претседател на Унијата на младите сили на ВМРО ДПМНЕ. Зошто Петровски не стана лидер на ВМРО ДПМНЕ и наследник на Љубчо Георгиевски, каде ја пропушти таа шанса и зошто неговата кариера ја немаше таа линија на успехот како што сите предвидуваа?
Што е вистината за студентските протести 1997 година, како тие беа организирани, дали структурите на тајните служби преку Лазар Китановски имаа влијание врз протестите, бидејќи во значаен дел раководството на тие протести беа студенти од Правниот Факултет. Дали Никола Груевски бил член на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ или бил член на ДА на Тупурковски, за тоа Филип Петровски прв пат зборува во јавноста.
Од кога сегашниот лидер Мицкоски е член на ВМРО ДПМНЕ? Груевски се фати за главата кога му ги презентирав досиеата за некои видни личности од нашата партија или од поранешните дисиденти, вели Петровски. Како се организирани Конгресите во Охрид 2003 и во Валандово 2017 година?
Четири месеци пред Никола Груевски да беше избран за лидер на ВМРО ДПМНЕ, зимата 2003 година во Њујорк Сашо Мијалков ми кажа дека Груевски ќе биде нов лидер на ВМРО ДПМНЕ и иден македонски премиер. Не му верував, вели Петровски во оваа интервју.
Но да не беше интервенцијата на Љубчо Георгиевски на Когресот во Охрид ќе победеше Марјан Ѓорчев, а не Никола Груевски. Љубчо Георгиевски се плашеше од мене, вели Петровски, и затоа бараше моја оставка на функцијата Претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
На мое место дојде Игор Гиевски кој е сега еден од најблиските соработници на Мицкоски, како во бизнисот така и во политиката. Според Петровски, Груевски беше уценет да ја напушти и функцијата Претседател на ВМРО ДПМНЕ и на таа функција како свој наследник да го донесе Христијан Мицкоски.
Интересно беше да се гледа како на Конгресот во Валандово Мицкоски беше во средината меѓу Груевски и Мане Јаковлевски, а сите кои ги познаваат работите знаат што преставува Мане Јаковлевски, вели Петровски.
За мене и денес останува енигма, вели Петровски, зошто Љубчо Георгиевски ги бојкотираше изборите 1994 година и кога беа случувањата со ТАТ го одложи големиот протест кога на сите им беше јасно дека Бранко Црвенковски е готов и нема шанса политички да се спаси.
Одлично и шокантно интервју со Филип Петровски кое вреди да се погледа!
(преземено од јутјуб каналот на Васко Ефтов)
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.