Принцезата од Велс на крајот на март објави дека боледува од рак. Оттогаш таа се повлече од јавноста и малку се знае за неа. Кејт Мидлтон е во контакт само со мал број луѓе надвор од нејзиното семејство. Една од нејзините најблиски соработнички е Наташа Арчер со која соработува со години.Наташа со години ја стилизираше принцезата, а сега направи нешто неверојатно за неа. Имено, Кејт покажа дека ја цени лојалноста и сега кога ја води најтешката битка.Кејт има многу соработници околу себе, но оваа жена е нејзината десна рака и посебна придружничка на која и’ верува. Токму затоа и ја награди со тоа што и’ додели сосема нова улога во нејзиниот тим. Наташа ја доби улогата на висок личен извршен директор.,,Наташа ја заслужи оваа позиција, таа е непрекинато дискретна и лојална на Кејт. Зголемувањето на платата е исто така добредојдено. Назначувањето само значи дека ќе ја гледаме повеќе Наташа покрај Кејт во годините што доаѓаат”, рекол извор за Дејли Меил. Наташа Арчер работи за британското кралско семејство од 2007 година. Почна како лична асистентка на Кејт Мидлтон, а потоа стана нејзин стилист во 2014 година и благодарение на неа, принцезата од Велс секогаш изгледа беспрекорно.
Пронајдете не на следниве мрежи: