НАТО војници во Украина ќе значи директен судир на Русија со Алијансата, предупреди Москва

Појавувањето на војници на НАТО на територијата на Украина ќе доведе до директен конфликт со Руската Федерација и ескалација на ситуацијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Одговарајќи на новинарско прашање за ризикот од ескалација и директен конфликт со НАТО во случај на појава на војници на Алијансата на територијата на Украина, Песков посочи дека во тој случај не треба да се зборува за веројатноста, туку за неизбежноста на конфликтот, пренесуваат руските медиуми.

Осврнувајќи се на вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема консензус за испраќање војници на европските земји во Украина, но дека „ништо не треба да се исклучи“, портпаролот на Кремљ кажа дека дискусиите на западните земји за можноста за испраќање свои војници во Украина претставува нов, многу важен елемент.

Пронајдете не на следниве мрежи: