Науката вели: Ќелавите мажи се попаметни и поуспешни

Одамна веќе не се чувствуваат како помалку привлечни или мажествени. Напротив, ќелавите мажи им се сè попривлечни на жените. За тоа многу придонесоа и медиумите, шоу-бизнисот…Во корист на ќелавите мажи оди и научна студија на проф.д-р. Франк Мускарела од „Бари универзитетот“ во Мајами. Според неговото истражување, не постои простор за потценувачки став. Ќелавите мажи често се перцепираат како доминантни, паметни мажи, со поголема самодоверба.Исто така, студијата покажата дека тие се подоминантни во општеството за разлика од другите мажи. Иако мажите со коса се физички поатрактивни, ќелавите се оние со повисок општествен статус, но не предизвикуваат никаква закана, во споредба со мажите со коса.Во текот на истражувањето, Мускарела побарал од фокус групата да ги оцени машките учесници по четири критериуми: атрактивност, агресивност, смиреност и зрелост. Истите мажи биле на сите фотографии, но на едните им биле покажани со коса, а на други без коса. Резултатите го покажале следново: ќелавите мажи биле оценети како поискрени, поинтелигентни и помажествени.Овие резултати биле потврдени и од истражувањето на Универзитетот од Пенсилванија. Психологот Алберт Манес покажал дека луѓето ги доживуваат ќелавите мажи како посилни, подоминантни и успешни.
Сепак, ќелавите мажи не се перцепирани само како силни и секси, но и како паметни. Универзитетот во Сарленд, Германија ги анализирал податоците од анкета во која биле вклучени 20.000 луѓе. Резултатите покажале дека луѓето без коса често се перцепираат како повозрасни, но во исто време се доживуваат како мудри и попаметни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.