Науката потврди: Возрасни стануваме дури во 30-тите

Луѓето не стануваат целосно возрасни сѐ до четвртата деценија од животот, велат научници кои ги истражуваат мозокот и нервниот систем.
Иако во најголем број држави за возрасни се сметаат сите со наполнети 18 години, научниците велат дека ова е индивидуално.
„На 18 години, човечкиот мозок сѐ уште поминува низ промени кои можат да влијаат на однесувањето и можат да придонесат за развој на ментални нарушувања.

Апсурдно е да се каже дека може да се дефинира кога еден човек преминува од детство во зрела личност. Тоа е нијансирана транзиција што се одвива низ три децении“, вели Питер Џонс, професор на Универзитетот Кембриџ.
Со наполнети 18 години, човек може да купи алкохол, да гласа и да биде третиран како возрасен од полицијата. И покрај тоа, Џонс вели дека искусните судии знаат да направат разлика помеѓу 19-годишен прекршител и криминалец во негови 30-ти години.
„Не постои детство и потоа во еден момент зрелост. Сите луѓе се на еден пат, на своја траекторија“, додава Џонс, кој учествуваше во истражувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.