Преминот кон исхрана со многу свеж зеленчук и без преработена храна може значително да влијае на биолошката старост на мозокот, покажало новото истражување. Особено медитеранската исхрана богата со зеленчук, морска храна и интегрални житарки ги успоруваат знаците на забрзано стареење на мозокот кои обично се забележуваат кај дебелите луѓе.
Имено, нашата возраст во години не мора да се совпаѓа со биолошката возраст на организмот или со чувството и енергијата што ја имаме.
Ако живееме нездрав живот, нашето тело може да старее побрзо од нас. Спротивно на тоа, биолошкото стареење предизвикано од стресни настани може да биде реверзибилно, како што било наведено во оваа студија („The effect of weight loss following 18 months of lifestyle intervention on brain age assessed with resting-state functional connectivity“), подобрата исхрана би можела да биде една од наједноставните опции за подобрување на физичката кондиција.
За секој 1 процент од изгубената телесна тежина – мозокот на учесниците изгледал речиси девет месеци помлад
За време на студијата, научниците ги снимиле мозоците на 102 учесници во Израел, кои учествувале во поголема клиничка студија. Тие го скенирале мозокот пред да започне студијата, а потоа и по 18 месеци. Тие исто така ја тестирале функцијата на црниот дроб, нивото на холестерол и телесната тежина.
Испитаниците биле поделени во три групи: едната беше на медитеранска диета со многу јаткасти плодови, риба и пилешко наместо црвено месо; втората на медитеранска исхрана со додатоци како зелен чај и третата на диета базирана на упатства за здрава исхрана.
Учесниците изгубиле во просек по 2,3 килограми за време на клиничкото тестирање. Научниците откриле дека за секој 1 процент од телесната тежина изгубена по следење на одредена диета или здравствени упатства, мозокот на учесниците изгледал речиси девет месеци помлад од нивната хронолошка возраст, пишувале „Science Alert“.
Знаците на забавено стареење на мозокот исто така биле поврзани со пониски нивоа на маснотии во црниот дроб и подобрен липиден профил.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.