Ова вкусно овошје е актуелно во овој период. Има одличен вкус и мирис, а ја поттикнува работата на кардиоваскуларниот систем и помага во спречување срцеви заболувања. Богати се со калиум, кој го стабилизира крвниот притисок.
Кајсиите придонесуваат и за исфрлање на токсините од човековото тело.
Освен тоа, тие се корисни и за трудниците и луѓето кои имаат проблем со анемија. Минералните соли кои се наоѓаат во нив го поттикнуваат варењето и го забрзуваат метаболизмот.
Кајсиите помагаат и кај лоша циркулација, непрвилен срцев ритам и одлични се за превенција на срцев удар. Ги зајакнуваат срцевите мускули и треба да се дел од исхраната кај сите оние кои имаат проблем со срцеви заболувања.