Научниците со интересно откритие: Бебето во стомакот на мајката плаче и сонува, а од 4-от месец го прават и ова

Бебињата се неисцрплива тема речиси од моментот на зачнување. Особено интересни се малку познатите детали поврзани за периодот на бременоста на нивната мајка.
Занимавајќи се со овој период од животот на една мајка, експертите дошле до низа необични откритија.
Во текот на бременоста на жените им се изоструваат сите сетила, особено сетилото за мирис, поради што не можат да поднесат некои намирници кои што пред бременоста ги обожувале.
Во текот на бременоста исто така се менува ритамот и косата некогаш опаѓа.
Во тој перод од животот исто така кај некои жени косата расте повеќе, а по породувањето истата опаѓа.


Нормалниот ритам најчесто се враќа по шест месеци од раѓањето на детето.
Што се однесува до бебето, тие се активни и во текот на периодот кога се наоѓаат во стомакот на мајката.
Тие си играат со папочната врвца, ги цицаат прстите, плачат и сонуваат.
Докажано е дека од четвртиот месец можат да го препознаат гласот на мајката, како и гласот на таткото.
И уште нешто, бебињата родени во месец мај вообичаено се потешки од бебињата кои што се раѓаат во останатите месеци од годината.
Овој податок се припишува претежно на богатите трпези во текот на празниците, како и Нова година и Божиќ, кога мајките консумираат покалорична храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.