Најавениот настап на GMS во Скопје ја потресе балканската транс-сцена

Најавата за најдобар RCF Sound System, најголемото ласер шоу, како и 3D визуелните анимации на 16-ти март, датумот кога пионерите со срушени рекорди на слушаност и настапи во историјата на психоделичниот транс – GMS, Growling Mad Scientists ќе ја спроведат својата мисија – враќање на урбаниот пулс на Скопје, предизвика голема мобилизација на сите љубители на транс звукот од целиот Балкан.Фактот што Growling Mad Scientists – GMS веќе подолго време немале свој настап на овие простори, предизвика секојдневно полнење на е-поштата на организаторот SUN PRODUCTION со барања за резервации како и други информации во врска со настанот од страна на слушателите на овој звук од Бугарија, Косово, Србија, Грција.„Можноста да се организира настан, кој од самиот почеток ветува успех е реткост. Благодарение на GMS, по неколку години пауза, повторно ќе уживаме во вистински транс спектакл на кој веќе имаме договорено многу пријатели и слушатели на овој звук од целиот Балкан. Целосната слика досега покажува дека настанот ќе биде еден од најпосетуваните во периодов, но не само квантитативно, туку и квалитативно, односно со вистински клабери кои по долго време очекуваат “вистинска журка“, вели Дарко од Продукција Сонце.Како домашна подршка, покрај легендарните Growling Mad Scientists – GMS, ќе уживаме во звукот на  мисионерите од нашиот регион: DARE Vs ECI; SOUND KILLAH; DEJAN DOGY и KOX (Galactic Explorers)Стартот на урбаниот хепенинг е 23:00 часот, а финишот е индивидуално прашање на кондиција.Влезниците се веќе во предпродажба по супер промотивна цена од 300 денари почнувајќи од среда, 6-ти март, во ЈУГОТОН и дистрибутивната мрежа на МК ТИКЕТС ширум републиката.
МакфаксНајавата за најдобар RCF Sound System, најголемото ласер шоу, како и 3D визуелните анимации на 16-ти март, датум

Пронајдете не на следниве мрежи: