четврток, 12 ноември 2026
Најново

Најавуваме премиера! Утре „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ со Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Драга публико, редовни и рандом читатели и гледачи на Gostivarpress.mk, со задоволство ви ја најавуваме премиерата на февруарското издание на видео емисијата „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“. Во нашето студио имавме исклучителни гостинки, две дами кои се пример за успех и мотивација за заедницата. Живка Ѓурчиновска од Тумчевиште, индивидуална земјоделка и претседателка на здружението „Моја фарма“ и Г‘зиме Фејзи од Беловиште, косопственик на млечна индустрија, активна во претприемачки организации.

Разговорите ни се поврзани со животот, предизвиците, потешкотиите, но можностите и перспективите на жените кои доаѓаат од руралните средини. Ѓурчиновска и Фејзи со нас ги споделуваат нивните лични приказни за тоа како се успеава да се срушат бариери и стереотипи во однос на улогата на руралните жени во бизнис секторот, способностите за претприемништво, развој на земјоделието, особено за она што значи иницијатива и почетоци од нула. Опфаќаме и проблематика во однос на правото на здравствено и пензиско осигурување, платено породилно отсуство, боледување на жените од руралните места, како и што најчесто ги сопнува жените во бизнис светот, особено на почетоците, додека не се искалени…
Премиерата ќе ја емитуваме утре, понеделник (26-ти февруари), на Јутуб и Телеграм каналите на Gostivarpress.mk кадешто можете да ги проследите и сите претходни емисии. Воедно ве известуваме дека февруарското е последно предвидено издание на емисијата за првата сезона.
Потсетуваме, „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ овозможува еднаков пристап на лицата со оштетен слух и се прикажува со толкување на знаковен јазик.

Извор








Поврзани вести