ЗА ПАНДИШПАН
500 мл газиран сок од портокал
100 мл масло
450 г брашно
3 лажици шеќер
1 лажица рендана кора од портокал
1 лажица ѓумбир во прав
цеден сок од 1 портокал
100 г мелени ореви
1 прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
ЗА ФИЛ
1 литар газиран сок од портокал
4 пудинзи од ванила
250 г маргарин
200 г шеќер во прав
1 лажица рендана кора од портокал
1/2 лажичка ѓумбир во прав
200 г посно чоколадо
Газираниот и цедениот сок од портокал ги ставаме во сад за матење. Ги додаваме шеќерот, ренданата кора од портокал и маслото, и мешаме со жица за матење додека се растопи шеќерот. Потоа додаваме брашно, ореви, ѓумбир, сода бикарбона и прашок за печиво, и мешаме со жицата додека се соедини смесата. Ја нанесуваме во намрсена правоаголна тава бр. 36. Печеме 20 минути во загреана рерна на 180 степени.
Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 800 мл од сокот. Пудинзите ги размешуваме во преостанатите 200 мл сок. Ги додаваме ѓумбирот и ренданата кора од портокал. Потоа смесата ја додаваме во зовриениот сок во тенџерето на оган. Откако кремот ќе се згусне го тргаме тенџерето од оган и оставаме кремот да се излади.
Маргаринот пенесто го матиме со шеќер во прав. Ги додаваме изладениот крем и 100 г рендано чоколадо, и го промешуваме филот.
Изладениот пандишпан го сечеме на 3 дела по хоризонтала. Двете ленти пандишпан ги премачкуваме со фил. Ја ставаме третата лента и ја филуваме целата торта. На крупната страна од рендето на тортата ги рендаме преостанатите 100 г чоколадо.