Највкусната чоколадна торта без грам брашно

Оваа чоколадна торта без брашно е одличен десерт без многу калории, но не мора да се храните безглутенски или диетално за да уживате во овој богат чоколаден колач.
Се подготвува лесно и брзо, а го снемува од чинијата уште побрзо:
Потребни состојки:
12 лажици стопен путер (плус дополнително за подмачкување)
340 g темно чоколадо
6 големи јајца
½ шолја шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
Прстофат сол


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 175ﹾC. Во кружен калап за печење поставете хартија за печење и премачкајте го дното на калапот со малку путер.
Стопениот путер помешајте го со чоколадото на пареа. Нежно мешајте додека не се соединат и не добиете мазна смеса (втората опција вклучува топење на путерот и чоколадото во микробранова, во интервали од 30 секунди, додека добро не се растопат).
Тргнете ја смесата настрана малку да се олади. Измешајте ги јајцата, шеќерот, солта и екстрактот од ванилата и мешајте ја смесата од 5-8 минути додека да ја смени бојата, односно стане малку побледа, густа и двојно го зголеми волуменот.
Додадете 1/3 од оваа смеса во смесата од чоколадо и путер и нежно промешајте. Повторете ја оваа постапка уште 2 пати, додека целосно не ја истурите смесата од јајца во чоколадната. На крајот истурете ја конечната смеса за колачот во калапот.
Печете од 35 до 45 минути. Извадете го колачот и оставете целосно да се олади. По желба, декорирајте со шлаг, шеќер во прав и сезонско овошје, како малини, капини, јагоди и сл.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.