Оваа пита одлично изгледа, а има уште подобар вкус!
Потребни состојки:
За тесто:
– 250 мл. топло млеко
– 1 лажичка шеќер
– 10 гр. квасец
– 1 јајце
– 450-500 гр. брашно
За фил:
– 150 гр. сирење
– 1 жолчка
– 1 лажица кисела павлака
– 200 гр. шунка исечкана на тенки парчиња
Начин на припрема:
Замесете меко тесто од наведените состојки и оставете да одмори 30 минути. Потоа, расукајте го со дебелина од половина центиметар.
Сирењето измешајте го со жолчката и павлаката. Поделете го тестото на два дела, па премачкајте ги со сирење и прекријте ги со парчињата шунка.
Земете плех со големина од 32 центиметри и обложете го со хартија за печење. Најпрвин преклопете го тестото 3 пати, па со нож пресечете го на половина. Едната половина свиткајте ја околу својата оска и замотајте ја во круг на средина на плехот, а истото направете го со остатокот од тестото.
Покријте и оставете малку да отстои, а потоа премачкајте со жолчка во која сте додале 1 лажичка масло за јадење. По желба наросете со сусам.
Печете на 200 Целзиусови степени околу 15 минути, па намалете на 180 и печете уште 45 минути.