2 јајца
60 г шеќер
120 г брашно
30 г маргарин
1 лажица екстракт од ванила
1 лажица прашок за печиво
1/4 лажица сол
10 поголеми сливи
За прелив
120 г шеќер
60 г брашно
40 г растопен маргарин
1/2 лажица цимет
Изматете ги шеќерот и маргаринот со миксер. Додадете ги брашното, јајцата, прашокот за печиво, солта и екстрактот, и продолжете со матење. Изматената смеса нанесете ја во намрсена и набрашнета тава и врз неа наредете ги половинките сливи.
За преливот изматете ги шеќерот, брашното, маргаринот и циметот. Добиената густа смеса нанесете ја врз сливите и печете го колачот околу 35 минути на 180 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.