4 јајца
400 г шеќер
900 г брашно
200 мл масло
2 кесички ванилин шеќер
1 прашок за печиво
мармалад и еурокрем
Во длабок сад со миксер се матат јајцата и шеќерот. Се додава маслото и повторно се мати со миксерот.
Потоа се додаваат брашното, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво, и се меси смесата со рака. Се формираат топчиња со големина на орев и се редат во намрсена тава. На секое топче со прст се прави длабнатина во која се става мармалад или еурокрем. Се печат 15-тина минути на 200 степени, а се печат 15 минути на 180 степени.