Најголемата рафинерија во Москва ќе биде нефункционална најмалку половина година поради напади со беспилотни летала
„Ќе бидат потребни најмалку шест месеци за да се завршат поправките и да се санираат штетите“, изјави еден од изворите за Ројтерс, коментирајќи го обемот на уништувањето во фабриката.
Оваа рафинерија е клучен енергетски центар и најголем снабдувач на гориво во Московскиот регион, а во текот на јуни двапати беше цел на драматични украински напади, што на крајот ги доведе сите операции до целосен застој.
Серијата прецизни украински напади започна на 16 јуни, кога првиот напад со беспилотни летала сериозно ја оштети единицата за примарна преработка на нафта, поради што работата на фабриката беше привремено прекината.
Сепак, целосниот колапс следеше ноќта помеѓу 17 и 18 јуни, кога украинските беспилотни летала ја пробија руската воздушна одбрана и погодија рафинерија, предизвикувајќи пожар од катастрофални размери што целосно ги уништи виталните делови од фабриката.
Оваа рафинерија се наоѓа на само 15 километри од самиот Кремљ.
Затворањето на овој гигант претставува огромен логистички и економски проблем за руските власти. Рафинеријата во Капотња покрива 40 проценти од потребите за гориво на Москва, повеќе од 50 проценти од потребите за дизел и значителен дел од горивото за авијација за воени цели.
Долги редици и недостиг на гориво беа регистрирани на бензинските пумпи во Москва.
The post Најголемата рафинерија во Москва ќе биде нефункционална најмалку половина година поради напади со беспилотни летала appeared first on Во Центар.



