Уште од 2007 година списанието „Monоcle” објавува листа на градови кои овозможуваат најдобри услови за живот. Што мислите кој град се најде на прво место за 2013 година?
Еден град го заземеше првото место веќе две години по ред, поточно во 2011 и 2012 година, а сега неговото место го превзема данската престолнина, Копенхаген. Копенхаген во изминатите две години се наоѓаше на третото место, за конечно да го превземе првото од Цирих.
Оваа година голема промена се забележува и во целосната распределба на градови на листата. Ако до сега европските градови како Хелсинки, Виена, Минхен, најчесто ги завземаа првите позиции, сега на втората позиција се појави Мелбурн, а на четвртата Токио.
Причината поради која Копенхаген е на врвот на листата е поради совршениот баланс помеѓу напредокот и зачувување на традицијата, глобална и локална, како и бидејќи е многу безбеден град. Што мислите, на кое место се наоѓа нашиот главен град, Скопје?
А, еве ја и овогодинешната листа..
1. Копенхаген2. Мелбурн3. Хелсинки4. Токио5. Виена6. Цирих7. Стокхолм8. Минхен9. Сиднеј10. Oкланд11. Хонг Конг12. Фукуока13. Кјото14. Париз15. Сингапур16. Хамбург17. Хонолулу18. Мадрид19. Ванкувер20. Берлин21. Барселона22. Амстердам23. Портланд24. Сан Франциско25. ДизелдорфУште од 2007 година списанието „Monоcle” објавува листа на градови кои овозможуваат најдобри услови за жив