Најдобар рецепт за домашно ќофте

Ќофтињата се навистина неодолив деликатес. Сепак, нема ништо повкусно од домашно приготвено ќофте
СОСТОЈКИ:
500 гр мелено месо
1 рендан кромид на најситна страна од рендето
1 рендан морков
3 чешниња рендан лук
една рака презла
1 јајце
1 сечкано младо кромитче (само зелениот дел)


НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:
Ставете ги сите состојки во длабок сад и убаво измешајте со раце.
Кога ќе добиете компактна смеса, формирајте ќофтиња. Големината на ќофтињата направете ја по ваш вкус.
Печете ги на скара, а доколку ви е полесно може и да ги испржите.
На здравје!

 

Пронајдете не на следниве мрежи: