Најдобар рецепт за крцкав домашен чипс: Вкусот загарантирано ќе ве воодушеви

Купувањето чипови често содржи голема количина на конзерванси и адитиви. Ви претставуваме домашен рецепт за чипс што можете да го подготвите за кратко време, со зачини што сами ќе ги одберете.
Состојки:
2 компири
3 лажици маслиново масло
1/2 лажица црвен пипер (по желба)
1/2 лажица лук во прав (по желба)
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Исечете го компирот на многу тенки парчиња со остар нож. За да ги исушите парчињата чипс навистина добро, користете хартиена крпа. Истурете маслиново масло на чипсот и добро зачинете го секој лист компир.
Содржината продолжува после огласот
Ставете ја хартијата за печење во тавата и загрејте ја рерната на 220 степени. Печете ги листовите од компир додека не станат крцкави, околу 20-25 минути. Обавезно оставете ги да се изладат пред да ги послужите за да бидат убави и крцкави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.