Најдобрата вежба за слабеење и ослободување од болките во грбот

Многу луѓе поголемиот дел од времето го минуваат седејќи. Ова е најчесто поради работата, па не можат да направат многу во врска со тоа. Но без физичка активност, телото станува помалку подвижно и со текот на времето почнува да акумулира вишок масти.
Најдобрата вежба за слабеење и ослободување од болките во грбот
Сето ова може да предизвика и сериозни здравствени проблеми, па од голема важност е да одвоите време барем за неколку едноставни вежби. Јапонскиот експерт за слабеење по име Тамајо, ја има совршената вежба за зафатените луѓе.
Станува збор за вежба за истегнување со која се активираат мускулите на стомакот и грбот. Исто така, оваа вежба активно делува и на внатрешниот дел од бутовите.


Како да ја направите вежбата?
Застанете со раширени нозе и отворени стапала. Колената и прстите на нозете треба да бидат свртени во иста насока.
Свиткајте ги колената, а за подобра рамнотежа поставете ги рацете на нив.
Наведнете се напред, свртете го десното рамо кон лево и навнатре, така што левото ќе биде назад. Треба да почувствувате истегнување на мускулите во бутот, стомакот и грбот.
Останете во оваа положба 3 секунди, па вратете се во почетната позиција.
Повторете и на другата страна.
Движењата треба да ги изведувате полека и внимателно и постојано да ја чувствувате напнатоста во мускулите. Правете ја вежбата 2 пати дневно, со по 10 повторувања.
Можете да погледнете како правилно да ја изведете вежбата и на видеото во продолжение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.