Најдобриот летен шешир за формата на вашето лице

Сите ние обожаваме убав шешир, како и начинот на кој тој целосно ни ја трансформира облеката. Да не зборуваме воопшто за заштитата од сонцето. Но, за некои девојки, обидот да најдат шешир најчесто делува како пат полн со дупки. За среќа постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат да го одберете идеалниот шешир за вас според формата на вашето лице. Еве како можете да го сторите тоа…
Тркалезно лице


Сè што е високо над главата може да ги акцентира вашите широки образи. Токму затоа и најдобро е да одберете еден од овие „порамни“ модели кои со својата структуриран облик ќе ја заблажат облината на вашето лице.
Овално лице


Знаеме што ќе помислите кога ќе го видите шеширот на оваа фотографија. Но, не… овие шешири не се резервирани само за девојките од страниците на некое списание. Силуетата од 90-тите повторно се враќа во мода, па овие шешири ги освојуваат сите оние дами што сакаат да балансираат за своето подолго лице.
Коцкесто лице


Како што ангуларните облици им стојат добро на тркалезните лица, така и помалку структурираните облици се одлични за девојки со силна вилица. Бонус поени се добиваат за интересните дезени што го освежуваат шеширот.
Срцесто лице


Вие можете да носите поголем број шешири, но обидете се да избегнувате сè што е премногу големи бидејќи може да ви го затскрие целото лице. Класичните „машки“ шешири се сепак најдобриот избор за вас, со кои ќе изгледате кул, но и ќе се заштитите од сонцето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.