Најдобриот рецепт за домашен сладолед!

Од овие мерки за сладолед од чоколадо и ванила, добивате две кутии од по 1600 мл
Чоколаден сладолед:
1 литар чоколадно млеко
500 гр кристал шеќер
150 гр шлаг во прав
3 дл кисела вода
Ванила сладолед:
1 литар млеко
500 гр кристал шеќер
150 гр шлаг во прав
3 дл кисела вода
4 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
И за двата вида сварете ги млекото и шеќерот и кога ќе се оладат ставете ги во замрзнувач да се замрзнат. Потоа извадете го замрзнатото млеко од замрзнувачот, изматете го шлагот со киселата вода, додадете го замрзнатото млеко во изматениот шлаг и мешајте со миксер. Масата ќе започне да добива убава густина, ставете ја во сад и повторно ставете ја во замрзнувач.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.