Не постои некој којшто не обожава кроасани – пробајте ги и во солена варијанта.
Потребни состојки:
200 гр замрзнато лиснато тесто
100 гр шунка
1 главица кромид
100 гр шампињони
1 лажица путер
150 гр павлака
1 јајце
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Одмрзнете го лиснатото тесто. Исечкајте го кромидот на коцки, исечкајте ги и печурките и динстајте ги на путер околу 5 минути.
Додајте павлака, промешајте и зачинете.
Направете триаголници од тестото, а краевите премачкајте ги со изматено јајце и замотајте. Премачкајте ги кроасаните со јајце и печете во рерна околу 20 минути.