Нема валкани садови, а ќе ви требаат 3 работи кои најверојатно веќе ги имате дома. Научете како да подготвувате вкусна пастрмка – а сѐ што ви треба е алуминиумска фолија, путер и лимон. Вкусот е фантастичен.
Пастрмката е најпопуларна риба во Македонија, со оглед на тоа што живее во Охридското Езеро, а се одгледува и во Мавровското и во базени. Тоа е сосема здрава риба за јадење и треба да ја вклучите во вашето редовно мени. Не е тешко да се подготви и не бара многу време, а со компир салата е идеален предлог за лесен ручек. За подготовка на риба потребни ви се неколку основни состојки и на трпезата ќе имате совршено вкусно јадење.
Лимонот е најважната состојка, а покрај него важни се и зачините. Солта и биберот се задолжителни, а останатото може да биде по желба, а дел од предлозите се свеж магдонос, копар, мајчина душица… Најдобро решение за печење пастрмка е скарата, но можете да ја користите и рерната. Во никој случај немојте рибата да ја пржите.
Ова се основните состојки за правење совршено вкусна пастрмка, а наш предлог е рибата да ја премачкате со путер и одозгора да ставите 2-3 парчиња лимон. Посолете и побиберете, па зачинете по желба. Затворете ја фолијата и ставете ја на решетките од рерната. Се пече на 200°C околу 20 минути. Ова е одличен начин за подготовка на пастрмка бидејќи нема валкани садови. Исто така, ако сакате, додадете малку суво грозје што на рибата ѝ го дава тој сладок вкус.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.