Во текот на зимските вечери посакуваме да се покриеме со омиленото ќебе и да уживаме во некоја топла напивка гледајќи ја омилената серија или филм.
Пробајте го овој рецепт за топло чоколадо со рум и цимет.
Потребни состојки:
1,5 л млеко
25 г темно чоколадо
200 мл слатка павлака
1 лажичка цимет
5 лажици рум
Начин на подготовка:
Во голем сад ставете млеко, слатка павлака, рум и цимет. Оставете да се вари и тргнете од оган откако ќе почне да врие. Откако ќе зоврие, тргнете од оган и веднаш додајте чоколадо. Мешајте додека да се стопи и соедини со течноста. Сипете во шолја, ставете малку шлаг или филувајте по ваша желба и послужете.