Најдобриот сендвич на светот: Специјалитет од Португалија кој мора да го пробате

„Најдобриот сендвич на светот“, како што Португалците го нарекуваат овој специјалитет, потекнува од Порто.
Често се сервира со компирчиња и пржено јајце на врвот, а постојат и варијации со печурки, пилешко месо и разни зеленчуци. Сендвичот наречен „Францезиња“ не се јаде „на нога“ туку претставува сериозен оброк од кој долго време ќе бидете сити.
Наводно, како инспирација за неговата припрема послужил познатиот француски сендвич „croquet-monsieur“ во кој уживале многу португалски мигранти.
Потребни состојки:
– 2 парчиња леб
– 1 тенок јунешки стек
– 1 свеж колбас
– 1 сушен свински колбас
– 2 парчиња шунка
– 5 парчиња кашкавал
– 1 јајце
За сосот:
– 1 лажичка маслиново масло
– 1 лажичка свинска маст
– 1 мал кромид
– 2 чешниња лук
– 1 ловоров лист
– 250 гр. пелати
– 400 мл. говедски бујон
– 1 дл. вино
– 500 мл. светло пиво
– 1 луто пиперче
– 2 лажички Ворчестер сос
– сол, црн бибер


Начин на припрема:
1. Во една тава загрејте свинска маст и маслиново масло и додајте го сечканиот лук и ловоровиот лист. По две минути, додајте го кромидот и пржете околу 8 минути.
2. Додајте го конзервираниот домат и говедскиот бујон. Кога ќе зоврие, оставете го да се крчка околу 10 минути. Додајте ги преостанатите состојки во сосот, па варете го уште 10 минути. Извадете го ловоровиот лист, па изблендирајте ги состојките за да добиете кремаста смеса, а потоа оставете го сосот да се крчка уште 30 минути. Ако треба, додајте малку брашно разматено со вода, па додајте сол и бибер.
3. Во меѓувреме, испржете ги колбасите, а на маснотиите што ќе ги испуштат испржете го и стекот. На крајот, малку пропржете ги парчињата шунка.
4. Пропржете ги и парчињата леб.
5. На чинија ставете едно парче леб, потоа парче кашкавал, шунка, стек, колбаси и последното парче леб.
6. Испржете го јајцето, ставете го на врвот од сендвичот и прекријте го со парчиња кашкавал, така што жолчката ќе се гледа. Одозгора ставете од врелиот сос за да се стопи кашкавалот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.