Најдобри мажи според жените за секс се…

Вака жените ги опишаа мажите кои според нив се најдобри во сексот и со кои најмногу уживаат и најчесто достигнуваат до оргазам. Проверете дали и вие сте дел од оваа најпосакувана група:

Се однесува како џентлмен

Тој ви отвора врата, ви помага да го соблечете палтото, се сеќава да ве праша за нешто што ви е важно на работа… Сетоа тоа се знаци дека тој мисли на вас, а ако очигледно е џентлмен надвор од креветот, можете да бидете сигурна дека таков ќе биде и штом се изгасат светлата.

Знае како да ве допира

Добар љубовник е оној кој ја цени сензуалноста и надвор од спалната. Мажот кој ве допира за рака додека вечерате, нежно ви го допира грбот додека излегувате низ врата, незабележиво ви ја зема раката додека седите, ќе знае како да ве допира по целото тело.

Не се врти сѐ околу него

Многу е веројатно дека не би сакале да имате повторно секс со тип кој постојано се фали за неговиот скап автомобил или најновите геџети кои веќе ги поседува. Во кревет ќе ве усреќи оној што прво ќе ве праша како сте го поминале денот, ќе ве однесе во вашиот омилен ресторан иако не ја сака таа храна, ќе погледне со вас романтична комедија…

Не му се брза

Оној што сака со вас сериозна врска знае дека вреди да ве чека. Па така, ако ви каже дека не му се брза немојте да мислите дека ве одбива, туку знајте дека сака подобро да ве запознае за да во кревет ви биде што подобар партнер.

Со него се чувствувате прекрасно

Маж со кој во кревет ќе се чувствувате слободно не штеди на комплименти и ќе ја пофали секоја ситница која ќе ја забележи на вас и која му се допаѓа. Преку начинот на кој ве гледа вие се чувствувате секси и привлечна. Таквата хемија гарантира совршен секс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.