Наједноставниот рецепт за колачиња на судбината

Дали знаете што се колачињата на судбината? Тоа се колачиња во кои се наоѓа порака која ви ја „предвидува иднината“. Овој обичај најчесто се практикува во азиската кујна и се послужуваат на крајот на оброкот. Доколку сакате да направите нешто специјално со што ќе обележите некоја забава или вечера со пријателите, наша препорака се колачињата на судбината. Она што е најинтересно кај овие колачиња, не е нивниот посебен вкус, туку забавните пораки кои мижете да ги смислите сами и да ги развеселите вашите пријатели.
Направете сами – колачиња на судбината
Потребни состојки:


3 белки
100 грама шеќер
60 грама растопен путер
1/4 лажичка екстракт од ванила
1/4 лажичка екстракт од бадем
3 лажици вода
120 грама брашно
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, а на големиот плех за печење ставете мрсна хартија или силиконска подлога за печење и спремете ленти од хартија за забавните пораки.
Во сад за мешање додајте ги белките и шеќерот, и со миксер матете 2 минути. Потоа додајте го растопениот путер, екстрактите и водата, па мешајте сè додека не се соедини смесата. На крајот додајте го и брашното и мешајте додека тоа не исчезне во смесата.
Со помош на лажица, добиената смеса ставете ја на мрсната хартија, на тој начин што ќе обликувате мали кругови со големина од 7,5 сантиметри, како да правете мали палачинки. Печете по 3 мали кругови одеднаш, бидејќи потоа треба многу брзо да ги обликувате.
Печете 7-8 минути, сè додека краевите малку не потемнат. Потоа, брзо извадете ги колачињата од рерната, преклопете ги на пола, ставете ја пораката, и на крај, краевите од полукругот превиткајте ги еден кон друг без да се допираат на начин што ќе го поставите колачето преку работ на шолјата.
Така обликуваните колачиња, ставете ги во калап за мини мафини за да не го изгубат својот облик за време на нивното ладење.
Погледнете го и видеото за повеќе детали:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.