За време на постот, изборот на слатки е ограничен, а домаќинките често на своето мени имаат баклава, која е сочна и слатка и лесно може да ја задоволи желбата за шеќер.
Ако сакате старомодни колачи, направете баклава од готови кори, со ореви, прелиени со сладок сируп.
Состојки:
- 500 гр. тенки кори за пита;
- 400 гр. шеќер;
- 300 гр. ореви;
- 100 мл. масло;
- две кесички ванилин шеќер;
- 1 лимон.
Подготовка:
Сомелете ги оревите и премачкајте ја тавата со масло. На дното од тавата ставете две кори, попрскајте ги со масло, прелијте со мелени ореви, па ставете нова кора која исто така ќе ја попрскате со масло. Редете ги користе испрскани со масло и мелени ореви додека не ги искористите сите.
Последните две кори само попрскајте ги со масло, па со остар нож исечете ја баклавата и печете ја на 180 степени додека не порумени.
Кога баклавата ќе се испече и излади, подгответе го сирупот. Во тенџере истурете шеќер, ванилин шеќер и околу 300 милилитри вода, па варете додека не зоврие.
Потоа во сирупот прелијте го сокот од еден лимон, оставете го уште малку да на шпорет додека не се создаде пена, па со врелиот сируп прелијте ја баклавата и оставете ја да отстои неколку часа.
На здравје!