Најздрави грицки!

Сите знаеме дека грицките и сета препроцесирана храна не треба да ја има на нашето мени или да биде застапена во ретки исклучоци, особено ако имаме намера да слабееме.
Но, ужините во текот на денот, грицкањето додека ја гледаме омилената серија или фудбалски натпревар, не мора да биде навика која ќе не дебелее и нездрава храна, односно грицките не секогаш мора да бидат високо-калориска храна и храна пребогата со шеќери, сол и маснотии.
Ова значи дека постојат и т.н. ,,здрави грицки”. Овие грицки не само што нема да ве здебелат, туку ќе ви помогнат во контролирањето на апетитот и на тој начин, индиректно можат да бидат од помош при процесот на слабеење. Во нивниот состав можат да се кријат и други компоненти кои се добри за слабеењето, но и за одржувањето на различни аспекти од здравјето.


Најчесто, здравите грицки се прехранбени продукти од полнозрнасто житарки, продукти богати со здрави маснотии, растителни влакни и комбинации со свежа храна.
Во продолжение, 10 примери на здрави грицки, покрај добро познатите кикирики, семки од тиква и сончогледово семе.
1) Различни комбинации на јаткасти плодови
Идеални вкусни и хранливи грицки. Содржат здрави маснотии, добар извор се на протеини, но и антиоксиданти, растителни влакна, витамини итн. Се поврзуваат, пред сé, со здравјето на срцето, но и превенирањето на некои други болести.
Дополнително, лесно поттикнуваат заситување, па на долг рок, повеќе студии укажуваат дека не само што маснотиите од нив нема да ве здебелат, туку напротив, ќе ви помогнат да ослабете.
Fibro Gel
Важни совети околу нив се: внимавајте на количините и немојте да ги пресолувате.
2) Сладок јогурт и бобести овошки
Овошките можат да бидат малини, капини, јагоди, рибизни итн. Ваквиот оброк е ниско-калоричен, но и добар извор на протенини(јогуртот), антиоксиданти(бобестите овошки се сметаат за најдобриот извор на антиоксиданти), витамини и други нутриенти, како калиумот и калциумот, на пример.
Добриот вкус е загарантиран.


3) Јаболка на ,,кришки” и путер од кикирики
Ќе се изненадите од вкусовите карактеристики на оваа едноставна комбинација. Јаболките се богат извор на растителни влакна и полифенолни антиоксиданти, што е одлично за дигестивното, но и за општото здравје.
Путерот од кикирики пак, е извор на здрави маснотии кои делуваат на подобрувањето на липидниот профил на крвта. Иако е богат со калории, со него тешко може да се претера, бидејќи делува и заситувачки. Една голема лажица путер од кикирики, во комбинација со едно јаболко со средна големина, ни обезбедува околу 200 калории од здраво потекло.
4) Темна чоколада и бадеми
Темната чоколада и бадемите се можеби највкусната здрава опција за ужина. Секако, ако се внимава на количините.
Темната чоколада е еден од најдобрите антиоксидативни извори, додека бадемите се добар извор на здрави маснотии (мононезаситени), пред сé. Ова овозможува бенефит за контролирањето на шеќерот во крвта, но е добро и за срцевото здравје.
Дополнително, и темната чоколада и бадемите содржат солидни количества магнезиум, макроминерал кој, повторно, игра многу важна улога во контролирањето на глукозата во крвта и е значаен за здравјето на срцето!
Гледајте темната чоколада да има најмалку 75% какао.
5) Моркови/краставица и хумус


Вкусот на оваа комбинација ќе ве изнанади, а дополнително ќе ве изненадат здравствените бенефити кои има да ги понуди. Краставиците содржат кукурбитацин Е, компонента која може да има антиканцероген ефект и практично се над 96% вода, значи имаа незначителен број калории.
Хумусот е направен од наут, маслиново масло и лук, секој од нив со свој придонес(свои уникатни компоненти) во делувањето на хумусот за намалување на воспалителните процеси во организмот, што пак делува на заштитата од низа на хронични заболувања.
Морковот е содржи витамини значајни за видот, но поседува и повеќе други корисни дејства.
100 грама хумус во комбинација со 200 грами моркови и/или краставица има само 200 калории.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.