Најздрави намирници за добар појадок

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, поради тоа што ни дава енергија за целиот ден. Голем дел од нас пијат кафе и го прескокнуваат појадокот, или пак јадат нешто нездраво, највеќе поради тоа што мислат дека немаат време за здрав појадок. Но, тоа не е вистина.
Ова се здрави намирници, кои можете да ги подготвите набрзина, а кои ќе ви овозможат здрав и убав појадок и убав ден.
Банана
Можете да ги додадете во појадокот или да ги конзумирате како ужина. Содржат витамин Б, магнезиум,но и калиум кој дава енергија. Можете да направите смути од банани и јаткасти плодови, но и да додадете овесни снегулки за супер здрав појадок.


Јогурт
Совршен избор за протеини наутро. Содржи калциум и пробиотици кои помагаат да имаме здраво варење и метаболизам.
Јајца
Уште еден здрав избор на протеини. Можете да си подготвите омлет со зеленчук за промена.
Јаткасти плодови
Одлични се за намалување на апетитот, а и за оние кои не јадат месо. Содржат протеини, магнезиум, антиоксиданти и состојки за здраво срце и кожа.
Овесни снегулки
Одлични се поради природните влакна кои ги содржат, а можете да ги конзумирате на милион начини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.