Најкорисните хранливи материи за црниот дроб во зимските месеци

За да може црниот дроб да функционира добро во зима кога „има повеќе работа за него“, било поради лекови против грип и настинки, или поради поголемото количество алкохол за време на празниците, потребно е да се земаат доволно витамини.
Најкорисните хранливи материи за правилна работа на црниот дроб се:
Витамин А – го има во сите црвени и портокалови зеленчукови и овошни плодови: моркови, цвекло, кајсии, црвени пиперки, тикви, коишто се посебно богати со каротин.


Витамин Е – го содржат зрнестите плодови, растителното масло, рибата…
Омега-3 масните киселини – го има во рибите харинга, пастрмка и скуша, како и во лененото масло.
Рибофлавин (витамин Б2) – се содржи во праските, крушите, цвеклото и спанаќот.
Липоичната киселина (витамин Н) – може да се најде во млечните производи, спанаќот и во говедското месо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.