Фудбалскиот свет утринава загуби еден од најголемите тренери на Балканот, Ќиро Блажевиќ, можеби не според квалитетот, но пред се според духот, харизмата и големото срце со кои стекна обожаватели на целиот простор од Гевгелија до Триглав.
Неговите легендарни изјави се раскажуваа со години наназад, а ќе се прераскажуваат и во периодот кој следува, без разлика што Хрватот нема да биде меѓу нас. Незаборавно ќе биде неговото објаснување за тоа како дозволил Роберт Просинечки од Динамо Загреб да премине во Црвена звезда, односно кажал дека ако стане фудбалер тој ќе си ја скине дипломата и за тоа како сакал, но никогаш не седнал на клупата на црвено-белите.